Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во вторникот ѝ нареди на војската веднаш да започне „силни напади“ врз Појасот Газа, тврдејќи дека Хамас го крши договорот за прекин на огнот и враќањето на телата на израелските заложници.

Израел претходно во вторникот објави дека ковчегот предаден од Хамас на израелската страна во понеделникот не ги содржи останките на ниту еден од убиените заложници што групата требаше да ги предаде.

Форензичките наоди покажаа дека останките му припаѓаат на Офир Царфати, чие тело го пронајдоа израелските сили кон крајот на 2023 година, а не на ниту еден од 13-те мртви заложници во Газа чии тела сѐ уште се во Газа, соопшти канцеларијата на Нетанјаху, обвинувајќи го Хамас дека не го почитува договорот за предавање на телата на преостанатите мртви заложници.

„Ова претставува јасно кршење на договорот од страна на терористичката организација Хамас“, го цитира BBC соопштението од кабинетот на израелскиот премиер.

Хамас планираше да предаде едно тело подоцна во вторникот, но неговото вооружено крило Бригадите ал-Касам соопшти дека тоа е одложено поради кршењата на прекинот на огнот во Газа од страна на Израел. Групата предупреди дека израелските напади врз Газа би можеле да ги попречат операциите за пребарување на телата на израелските војници и да го одложат нивното предавање.

Хамас постојано објавува дека Израел се обидува да „измислат лажни изговори како подготовка за преземање нови агресивни чекори“ во Газа. Во претходна објава на Telegram, движењето истакна дека останува посветено на договорот постигнат со посредство на САД, Катар, Египет и Турција и дека му е потребна помош за да ги пронајде телата под урнатините.

Царфати, 27-годишен државјанин со двојно француско-израелско државјанство, беше ранет и киднапиран на музичкиот фестивал Нова за време на нападот на Хамас врз јужен Израел на 7 октомври 2023 година, што ја предизвика војната во Газа.

На почетокот на 2023 година, Израелските одбранбени сили објавија дека неговото тело е пронајдено во операција во Газа и вратено во Израел. Во март 2024 година, беа пронајдени повеќе од неговите останки и тој подоцна беше погребан.

globe

Слични новости

Замир постави нова граница со Појасот Газа

Замир постави нова граница со Појасот Газа

Началникот на Генералштабот на израелската армија, Ејал Замир, изјави дека линијата до која се повлекоа израелските сили сега е новата граница меѓу Израел и палестинските територии

Индонезија се справува со последиците од поплавите во кои загинаа над 900 луѓе

Индонезија се справува со последиците од поплавите во кои загинаа над 900 луѓе

Индонезија се справува со последиците од масовните лизгања на земјиштето и ненадејните поплави предизвикани од циклонот на островот Суматра минатата седмица, при што бројот на жртвите во неделата надмина 900 луѓе