На повеќе од 60 проценти обработени гласачки места, актуелниот премиер Бенјамин Нетанјаху е во благо водство. Сепак, израелските медиуми предупредуваат дека до крајот на пребројувањето ситуацијата може да се смени, затоа што голем дел од обработените гласови доаѓаат од региони каде што Нетанјаху и неговата партија Ликуд, традиционално имаат силна поддршка.
Лидерот на опозицијата поранешниот начелник на Генералштабот на израелската армија Гади Ајзенкот денеска порача дека гласањето покажало оти мнозинството Израелци сакаат тој да си замине од власта.
Излезните анкети објавени синоќа по затворањето на гласачките места укажуваа на тесна победа на опозицијата.
На изборите во Израел имаше невообичаено висока излезност од дури 77 проценти, а посебно изненадување приредија и Израелските Арапи, кои исто така масовно излегоа на гласање. Тоа резултираше со рекорден број пратеници на Арапските партии во израелскиот Кнесет, што беше постигнато на сметка на помалите израелски партии кои поради високиот одзив не успеаја да го поминат изборниот праг од 3,25 проценти.
Се чини дека ниту Нетанјаху, ниту Ајзенкот нема да имаат доволен број пратеници за да формираат мнозинство, а и двајцата ја отфрлија можноста за коалицирање со партиите на Арапите.
Слични новости
Виткоф: Постигнат значаен напредок во преговорите за Украина
Витков наведе дека разговорите на американската делегација во Киев биле одржани во две рунди. Во втората рунда разговори на преговарачите им се придружиле советниците за национална безбедност на Британија, Франција и Германија, за да бидат усогласени наредните заеднички активности.
Ескалација во Персискиот залив: Иран порачува дека преговорите веќе не се опција
Иран е во „егзистенцијална војна со Америка“ изјави портпаролот на Одборот за национална безбедност на иранскиот парламент Хасан Гашгави и потврди дека Техеран ги гаѓал американските воени бродови со балистички ракети.
Иран испука повеќе балистички ракети врз американски носач на авиони и разурнувач
Како што пренесува новинската агенција Тасним, Револуционерната гарда наведува дека овие два брода, откако претрпеле оштетувања и од страв од понатамошни напади биле принудени да побегнат од зоната на судирот.


