Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во вторникот изјави дека израелската војска постепено ги интензивира нападите врз цели на палестинското милитантно движење Хамас во Појасот Газа.

Во нападите кои почнаа рано утрото загинаа стотици луѓе. „Ја продолживме борбата со полна сила“, рече Нетанјаху во видео пораката на хебрејски. „Отсега па натаму преговорите ќе се водат само под оган“.

Министерството за здравство во Појасот Газа, енклава која е управувана од Хамас, објави дека биле убиени најмалку 404 Палестини, од кои најмногу се деца и жени, а 560 се ранети.

Израелската војска подоцна им нареди на цивилите да напуштат некои области од градовите Кан Јунис и Беит Ханун, предупредувајќи во пораки на арапски дека областите станале „опасни борбени зони“. На жителите им беше кажано да заминат позападно кон градот Газа или кон западниот Кан Јунис. Двата града беа цел на израелски бомбардирања во вторникот.

Израелските медиуми шпекулираат дека тоа би можело да значи дека се подготвуваат нови копнени операции.

Говорејќи на англиски, Нетанјаху подоцна рече: „Израел не напаѓа палестински цивили. Ние ги напаѓаме терористите на Хамас. И кога овие терористи копаат во цивилни области, кога користат цивили како жив штит, тие се одговорни за сите ненамерни жртви“.

Цел на нападите, според премиерот и војската, биле лидерите и инфраструктурата на Хамас.

Хамас потврди дека се убиени петмина негови високи функционери, меѓу кои и министерот за внатрешни работи Махмуд Абу Ватфа и клучните личности одговорни за внатрешната безбедност и управувањето. Израел, наводно, убил и високи команданти на Исламски џихад, радикална исламистича групација во Хамас.

Кабинетот на премиерот Нетанјаху претходно објави дека операцијата е одговор на „упорното отфрлање“ на предлозите за прекин на огнот од страна на Хамас, изнесени од САД, Египет и Катар, како и на неговата „неподготвеност“ да ги ослободи израелските заложници.

globe

Слични новости

Хаџот започнува со повеќе од милион верници, организаторите се борат со виските температури

Хаџот започнува со повеќе од милион верници, организаторите се борат со виските температури

Повеќе од милион верници се собраа пред најважниот исламски ритуал на хаџот под жешкото сонце во среда, додека властите вложија напори да избегнат повторување на минатогодишните повеќе од 1.000 смртни случаи од топлина.

Зголемените царини за метали на Трамп стапуваат на сила додека истекува рокот за „најдобрите“ понуди

Зголемените царини за метали на Трамп стапуваат на сила додека истекува рокот за „најдобрите“ понуди

Американските царини за најголемиот дел од увезениот челик и алуминиум ќе се удвојат во средата, денот кога претседателот Доналд Трамп очекува трговските партнери да ги достават своите „најдобри понуди“ за да избегнат наметнување царини за други стоки на почетокот од јули

Најавата на разговор меѓу Трамп и Си го поттикна Волстрит

Најавата на разговор меѓу Трамп и Си го поттикна Волстрит

Цените на акциите пораснаа на Волстрит во вторникот, особено кај производителите на чипови, по веста дека американскиот претседател Доналд Трамп треба да разговара со кинескиот претседател Си Џинпинг оваа седмица