Израел има намера да остане во тампон-зоната во јужна Сирија, изјави премиерот Бенјамин Нетанјаху на состанокот со израелските амбасадори, според извештаите на локалните медиуми.
Нетанјаху рекол дека Израел се надева дека ќе постигне договор за демилитаризација на јужна Сирија, но сака да остане во тие области.
Во саботата, привремениот сириски исламистички претседател Ахмед ал-Шара во Доха го обвини Израел за извоз на кризи во други земји и „борба против сеништа“.
Ал-Шара се осврна на тековните напади и воздушни напади од страна на израелските сили во јужна Сирија. Тој повторно повика на воспоставување на договорот за раздвојување од 1974 година, со кој се воспостави раздвојувањето на израелските и сириските сили по Јом Кипурската војна во 1973 година.
Минатиот вторникот Нетанјаху рече дека очекува Сирија да воспостави „демилитаризирана тампон-зона“ што се протега од главниот град Дамаск до Голанската висорамнина, анектирана од Сирија.
По падот на поранешниот долгогодишен секуларен претседател Башар ал-Асад, Израел распореди трупи во тампон-зоната на Обединетите нации меѓу Голанската висорамнина и територијата контролирана од Сирија, вклучувајќи ја и сириската страна на планината Хермон.
Според Нетанјаху, присуството на армијата во регионот е неопходно за да се обезбеди безбедноста на израелското население и да се спречат напади од пограничните области. Израел, исто така, тврди дека сака да го заштити религиозното малцинство Друзи во Сирија, кои ја населуваат и Голанската висорамнина а Израел ги претставува како свои сојузници.
Слични новости
Замир постави нова граница со Појасот Газа
Началникот на Генералштабот на израелската армија, Ејал Замир, изјави дека линијата до која се повлекоа израелските сили сега е новата граница меѓу Израел и палестинските територии
Индонезија се справува со последиците од поплавите во кои загинаа над 900 луѓе
Индонезија се справува со последиците од масовните лизгања на земјиштето и ненадејните поплави предизвикани од циклонот на островот Суматра минатата седмица, при што бројот на жртвите во неделата надмина 900 луѓе
Макрон по примерот на Трамп ѝ се закани со царини на Кина
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека му се заканил на Пекинг со царини за време на посетата на Кина доколку не преземе мерки насочени кон намалување на растечкиот трговски суфицит со Европската унија


