Израел ќе остане на стратешката локација на планината Хермон на сириската граница додека не се постигне поинаков договор, изјави премиерот Бенјамин Нетанјаху.
Израелските војници ја окупираа планината Хермон по падот на владата на сирискиот претседател Башар ал-Асад претходно овој месец, влегувајќи во демилитаризирана зона меѓу Сирија и Голанската висорамнина, претходно окупирана од Израел.
Официјални лица го опишаа потегот како ограничена и привремена мерка за обезбедување на границите на Израел, но не посочија кога армијата би можела да се повлече, а министерот за одбрана Израел Кац минатата седмица им нареди на војниците да се подготват да останат на планината Хермон во текот на зимата.
Во вторникот, Нетанјаху замина на споменатата локација на оперативен брифинг со воените команданти и безбедносните службеници.
„Ние ја задржуваме оваа проценка за да одлучиме за распоредување на ИД на оваа важна локација додека не се најде друг договор кој обезбедува безбедност за Израел“, рече израелскиот премиер во изјавата објавена од неговата канцеларија доцна во вторникот.
Преминувањето на Израел во тампон зоната создадена по арапско-израелската војна во 1973 година беше критикувана како кршење на меѓународните договори од многу земји и Обединетите нации, кои повикаа на повлекување на израелската армија.
Слични новости
ЕУ: Засега нема олеснување на санкциите за Сирија, потребни се гаранции
Европската унија нема да ги укине санкциите за Сирија додека нејзината нова влада не се погрижи малцинствата да не бидат прогонувани и правата на жените да бидат заштитени во рамките на обединета влада која се откажува од верскиот екстремизам, изјави во недеката шефицата на дипломатијата на Унијата
Израел планира двојно да го зголеми населението во окупираниот Голан
Израел во неделата го одобри планот за зголемување на населението во окупираната Голанска висорамнина, додавајќи дека заканите од Сирија остануваат и покрај умерениот тон на водачите на бунтовниците кои го соборија претседателот Башар ал- Асад
Крајната десница сака Германија да го напушти НАТО
Потпретседателот на германската крајно десничарска патија Алтернатива за Германија (AfD), Тино Хрупала, го доведе во прашање членството на Германија во НАТО и ја прогласи Русија за победник во војната во Украина