Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави во неделата дека Израел ќе утврди на кои странски сили ќе им дозволи да бидат дел од планираните меѓународни сили во палестинската енклава Појасот Газа за да се осигури крај на војната според планот на американскиот претседател Доналд Трамп.
Администрацијата на Трамп ја отфрли можноста за испраќање американски трупи во Газа, па затоа овие сили би можеле да се состојат од војници од Египет, Индонезија и земјите од Персискиот залив.
„Ние ја држиме нашата безбедност под контрола и јасно ставивме до знаење, кога станува збор за меѓународните воени дека Израел ќе утврди кои се неприфатливи за нас, така постапуваме и така ќе продолжиме да постапуваме. Секако, ова е прифатливо и за Соединетите држави, а ова го потврдија нивните највисоки претставници последните неколку дена“, рече Нетанјаху на седница на неговиот кабинет.
Во неделата, Нетанјаху исто така рече дека Израел е независна земја и ја отфрли идејата дека „американската администрација го контролира и ја диктира безбедносната политика на Израел“. Израел и САД се во партнерство, истакна тој.
Израел, кој започна опсада на Газа пред дваесет години а започна и воздушна и копнена војна против движењето Хамас во енклавата по прекуграничниот напад од страна на палестинската милитантна група на 7 октомври 2023 година, сè уште ги контролира сите пристапи до територијата.
Минатата седмица Нетанјаху посочи дека ќе се спротивстави на каква и да е улога на турските безбедносни сили во Појасот Газа. Некогаш блиските турско-израелски односи достигнаа ново дно за време на војната во Газа, а турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ги критикуваше разорните воздушни и копнени напади на Израел врз малата палестинска енклава.
Државниот секретар на САД, Марко Рубио, кој го посети Израел за да го зацврсти кревкото примирје, во петокот изјави дека меѓународните сили ќе бидат составени од „земји со кои Израел се чувствува пријатно“, но одби да коментира конкретно за вклученоста на Турција.
Додаде дека идното управување со Газа сè уште не е дискутирано и договорено, во кое ќе бидат вклучени Израел и партнерски земји, но учеството на Хамас е исклучено.
Рубио подоцна изјави дека американските претставници добиваат различни мислења за потенцијална резолуција на Обединетите нации или меѓународен договор што би дозволил распоредување на мултинационални сили во Газа и дека ќе разговараат за ова прашање во Катар подоцна в недела.
Администрацијата на Трамп сака арапските држави да придонесат и со средства и со воени сили. Големиот предизвик е што Хамас не се обврза на разоружување и, откако прекинот на огнот стапи на сила пред две седмици како прва фаза од планот на Трамп од 20 точки, започна насилно сузбивање на групите што ја тестираат неговата моќ.
Слични новости
Макрон по примерот на Трамп ѝ се закани со царини на Кина
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека му се заканил на Пекинг со царини за време на посетата на Кина доколку не преземе мерки насочени кон намалување на растечкиот трговски суфицит со Европската унија
Мировниот договор за Украина е многу блиску, вели американскиот претставник Келог
Претставникот на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина изјави дека договорот за завршување на војната во Украина е „многу блиску“ и дека сега зависи од решавањето на две главни отворени прашања – иднината на украинскиот регион Донбас и нуклеарната централа Запорожје
Кинески авиони насочиле воен радар кон јапонски авиони
Јапонија во неделата соопшти дека кинеските борбени авиони насочиле радар за контрола на оган кон јапонски воени авиони во два „опасни“ инциденти во близина на островската група Окинава во Јапонија, тврдење што Пекинг го негираше


