Канцеларијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопшти дека Израел е посветен на договорот за прекин на огнот со Хамас и ќе продолжи да го почитува и исполнува својот дел од планот, откако висок функционер во палестинската милитантна група изјави дека Хамас не може да се обврзе на разоружување.
Планот на американскиот претседател Доналд Трамп од 29 септември бара Хамас веднаш да ги врати сите заложници пред да се обврзе на разоружување и да ја предаде контролата врз Појасот Газа на технократски одбор надгледуван од меѓународно транзициско тело.
Нетанјаху го поддржа планот, велејќи дека тој ќе ги демонтира воените капацитети на Хамас, ќе го заврши неговото политичко владеење и ќе обезбеди Појасот Газа „никогаш повеќе да не претставува закана за Израел“.
Сепак, договорот за прекин на огнот потпишан во Шарм ел Шеик на 9 октомври од страна на израелскиот министер за стратешки прашања Рон Дермер, Хамас и медијаторите не го опфаќа разоружувањето на Хамас, ниту бара од групата да ги ослободи сите починати заложници пред Израел да ги ослободи палестинските затвореници, извести „Тајмс оф Израел“.
Израелската војска синоќа соопшти дека Црвениот крст го презел ковчегот со телото на еден заложник во јужниот дел на Појасот Газа.
Слични новости
Мировниот договор за Украина е многу блиску, вели американскиот претставник Келог
Претставникот на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина изјави дека договорот за завршување на војната во Украина е „многу блиску“ и дека сега зависи од решавањето на две главни отворени прашања – иднината на украинскиот регион Донбас и нуклеарната централа Запорожје
Кинески авиони насочиле воен радар кон јапонски авиони
Јапонија во неделата соопшти дека кинеските борбени авиони насочиле радар за контрола на оган кон јапонски воени авиони во два „опасни“ инциденти во близина на островската група Окинава во Јапонија, тврдење што Пекинг го негираше
САД престанаа да ја означуваат Русија како „диркента закана“, Кремљ е задоволен
Кремљ го поздрави потегот на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп да ја ревидира својата стратегија за национална безбедност и да престане да ја нарекува Русија „директна закана“, изјави во неделата портпаролот Дмитриј Песков


