Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја посети тампон зоната во Сирија во која влезе израелската војска по падот на сирискиот претседател Башар ал-Асад.

Нетанјаху отиде на планината Хермон во Голанската висорамнина за да добие преглед на ситуацијата, соопшти неговиот кабинет во вторникот по укинувањето на забраната за известување за посетата.

„Премиерот го оцени распоредувањето на армијата на теренот и ги постави правилата за натамошно дејствување“, се вели во соопштението.

Откако исламистичките бунтовници ја презедоа власта во Сирија, израелската војска навлезе во демилитаризирана тампон зона меѓу Голанската висорамнина окупирана од Израел и соседна Сирија, вклучително и сириската страна на планината Хермон.

Нетанјаху првично рече дека ова е привремена мерка додека не се постигне „соодветен аранжман“, но потегот на Израел предизвика остри меѓународни критики.

 

globe

Слични новости

Зеленски: На состанокот во Брисел би можеле да зборуваме за „мировници“ во Украина

Зеленски: На состанокот во Брисел би можеле да зборуваме за „мировници“ во Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во вторникот изјави дека евентуалното распоредување на странски „мировни сили“ во Украина би можело да се разговара на утрешниот состанок на европските челници во Брисел