Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека војната со Иран не е завршена, затоа што во таа земја и натаму постојат нуклеарни материјали и постројки за збогатување на ураниум кои мора да бидат отстранети.

Нетанјаху порача дека за време на актуелниот конфликт многу цели се постигнати, но Ирзаел смета дека не се отстранети сите закани се додека Иран има високо обогатен ураниум и се додека не се демонтираат капацитетите за негово производство.

Нетанјаху призна дека САД и Израел пред почетокот на војната не можеле да ги преценат последиците од затварањето на Ормутскиот теснец, бидејќи нивните проценки биле дека иранското раководство е премногу ослабено за да го блокира теснецот.

Слични новости

Трамп го повика Иран „да се опамети“

Трамп го повика Иран „да се опамети“

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран нема да може да постигне договор со САД доколку во него не биде опфатено и прашањето на нуклеарната програма.