Утрово во населбата Расадник, општина Кисела Вода, се случи сериозна несреќа на градежно место спроти киното „Билјана Беличанец“, при што неколку лица биле затрупани со земја додека се копале темели за станбена зграда.

Според првични информации од очевидци, има најмалку една жртва.  Екипите на Итната медицинска помош се обиделе да извршат реанимација на едно од затрупаните лица, но без успех.

На терен се присутни екипи на полицијата, противпожарната служба и Итната медицинска помош, кои работат на обезбедување на локацијата и расчистување на местото на несреќата.

Од МВР за Телма информираат дека денеска (24.04.2026) во 08:17 часот во СВР Скопје е пријавено дека на градилиште на ул.„Козјак“ во Скопје, при ископ на темели со земја биле затрупани тројца работници.

Од нив, двајца се извадени и со возило на Итна медицинска помош се пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, а во координација со ЦУК и Бригадата за противпожарна заштита се преземаат мерки за вадење и на третото лице, стои во соопштението на МВР.

Слични новости

ДУИ: Алармантен пад на странските инвестиции

ДУИ: Алармантен пад на странските инвестиции

Партијата тврди дека во 2025 странските инвестиции се намалиле за 61 насто во однос на претходната година, достигнувајќи вредност од 468 милиони евра што е „еден од најслабите резултати во регионот и тежок сигнал за економијата во државата“.

СДСМ : Мицкоски како уличар и се заканува на опозицијата со прогон

СДСМ : Мицкоски како уличар и се заканува на опозицијата со прогон

СДСМ го обвини премиерот Христијан Мицкоски дека со неговите јавни изјави за можни идни судски процеси против поранешни функционери на опозицијата испраќа политички пораки и врши притисок врз правосудството.