Утрово во населбата Расадник, општина Кисела Вода, се случи сериозна несреќа на градежно место спроти киното „Билјана Беличанец“, при што неколку лица биле затрупани со земја додека се копале темели за станбена зграда.
Според првични информации од очевидци, има најмалку една жртва. Екипите на Итната медицинска помош се обиделе да извршат реанимација на едно од затрупаните лица, но без успех.
На терен се присутни екипи на полицијата, противпожарната служба и Итната медицинска помош, кои работат на обезбедување на локацијата и расчистување на местото на несреќата.
Од МВР за Телма информираат дека денеска (24.04.2026) во 08:17 часот во СВР Скопје е пријавено дека на градилиште на ул.„Козјак“ во Скопје, при ископ на темели со земја биле затрупани тројца работници.
Од нив, двајца се извадени и со возило на Итна медицинска помош се пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, а во координација со ЦУК и Бригадата за противпожарна заштита се преземаат мерки за вадење и на третото лице, стои во соопштението на МВР.
Слични новости
Македонија тапка во место во борбата против корупцијата
Според рангирањето Северна Македонија е во друштво со Бугарија, Танзанија, Унгарија, Куба, Буркина Фасо и Гвајана.
Владата ќе донесе одлуки за построга контрола при одгледувањето медицинска марихуана
Владата на денешната седница се очекува да донесе одлука да се проверува секоја фирма за одгледување на марихуана за медицински цели
Пешевски: Пратениците да се одважат, да изгласаат 600 евра минимална плата
Ќе продолжиме да ги блокираме и пратениците и министрите и владата и работодавачите и сите оние кои се виновни што низ годините го донесоа македонскиот работник на дното
