Утрово во населбата Расадник, општина Кисела Вода, се случи сериозна несреќа на градежно место спроти киното „Билјана Беличанец“, при што неколку лица биле затрупани со земја додека се копале темели за станбена зграда.
Според првични информации од очевидци, има најмалку една жртва. Екипите на Итната медицинска помош се обиделе да извршат реанимација на едно од затрупаните лица, но без успех.
На терен се присутни екипи на полицијата, противпожарната служба и Итната медицинска помош, кои работат на обезбедување на локацијата и расчистување на местото на несреќата.
Од МВР за Телма информираат дека денеска (24.04.2026) во 08:17 часот во СВР Скопје е пријавено дека на градилиште на ул.„Козјак“ во Скопје, при ископ на темели со земја биле затрупани тројца работници.
Од нив, двајца се извадени и со возило на Итна медицинска помош се пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, а во координација со ЦУК и Бригадата за противпожарна заштита се преземаат мерки за вадење и на третото лице, стои во соопштението на МВР.
Слични новости
Почнува судењето за Стојанче Јовановски, обвинет за наведување на самоубиство на сопругата Ивана и ќерката Катја
Почнува судењето за Стојанче Јовановски, сопруг на Ивана Јовановска која на 2 март се самоуби заедно со нејзината 6-годишна ќерка.
МВР го расчисти убиството во Охрид, осомничениот уапсен во Брвеница
Според неофицијални информации станува збор за болничар кој и бил познат и порано на полицијата и бил апсен заради закани на политичари на социјалните мрежи
СДСМ со помалку од 5 проценти доверба во најновата анкета на МКД.мк и Маркетвижн
Според резултатите на оваа анкета ВМРО-ДПМНЕ има рејтинг од 24 насто, втора е коалицијата Вреди со 5,1 насто, трет е СДСМ со 4,9 насто, ДУИ има рејтинг од 4,8 насто, Левица 3,1, а ЗНАМ 2,1 проценти.


