Од 138 контроли за вршење превоз на патници и стоки кои во претходните три дена ги направиле инспектори за патен сообраќај, неправилности се утврдени кај 21 правно и физичко лице и им се изречени соодветни казни.

Министерство за транспорт –Државен инспекторат за транспорт денеска информира дека инспекциските надзори биле спроведени согласно нивниот Акциски план и дека за утврдените неправилности ќе бидат информирани Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство, со цел нивно натамошно постапување.

Инспекторатот ги соопшти 11-те правни лица за кои е констатирана неправилност и за кои се изречени казни: Дурмо турс од Гостивар; Дени интернационал од Илинден; Свис мак алигега од Гостивар; Зем промет – компани од Сарај; Словин Билјана од Охрид; Бис од Охрид; Пештер ДОО од Чаир, Димитриоски од Гази Баба; Хисари-ГД од Дебар; Инком бизнис од Куманово и Палас експорт-импорт од Гостивар.

 

Покрај овие 11 правни лица, биле констатирани и неправилности кај 10 физички лица кои вршат дејности за превоз на патници и стока.

Министерство за транспорт – Државен инспекторат за транспорт информира дека согласно донесениот Акциски план за инспекциски надзори при превоз на патници и стока, од утре инспектори ќе спроведуваат секојдневни интензивни инспекциски контроли над превоз на патници и стока, проверка на документи (лиценци, изводи од лиценци, дозволи, сертификати за професионална компетентност на возач, тахографи), надзор на безбедноста во сообраќајот и спречување нелегален превоз.

globe

Слични новости

ВМРО-ДПМНЕ ги обвини претседателите на УПОЗ и ССМ дека не се грижат за граѓаните, туку само за својот личен профит

ВМРО-ДПМНЕ ги обвини претседателите на УПОЗ и ССМ дека не се грижат за граѓаните, туку само за својот личен профит

Во соопштението од владејачката партија се вели дека претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов одработува за опозициската СДСМ од кои, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, бил поставен да извршува партиски насоки и агенди