Третото продолжение за магионичарите измамници „Сега ме гледаш“ 3 на Лајонсгејт неочекувано го зазеде првото место на американскиот Бокс Офис со 21 милион долари заработка.

Филмот забележува голем успех и на другите пазари каде што заработи 54,3 милиони долари, за вкупна заработка од 75 милиони долари во премиерниот викенд.

Во филмот повторно играат Џеси Ејзенберг, Вуди Халерлсон, Дејв Франко и Ила Фишер. Успехот на филмот на Бокс Офисот се должи на женска публика, како и на солидна оценка од гледачите Б+.

 

Разочарување е „Човекот во бегство“ на парамаунт за кој се очекуваше да доминира на Бокс Офисот. Високо буџетниот „Човекот во бегство“со суперѕвездата Глен Пауел заработи само 16,5 милиони долари на американскиот Бокс Офис. 

Бројките за Парамаунт се уште поразочарувачки на другите пазари каде што заработи само 11,2 милиони долари за вкупна заработка од само 27,7 милиони.

Слични новости

„Зимското јајце“ на Фаберже продадено за рекордни 30,2 милиони долари

„Зимското јајце“ на Фаберже продадено за рекордни 30,2 милиони долари

„Зимското јајце“ кое се смета за една од најубавите креации на Фаберже беше купено од анонимен купувач, соопшти аукциската куќа Кристи, пренесува Би Би Си. Јајцето е украсено со 4.500 дијаманти, а го нарача царот Николај Втори 1913 како божиќен поклон за својата мајка царицата Марија Фјодоровна.