Техно-феудалното општество што го создаде капиталот во Cloud, сега е уште попогубно, затоа што се урна оградата што и пружаше спокој на на либералната индивидуа, и можност да се повлече од пазарот на трудот. Капиталот во Cloud ја распарчи индивидуата во мноштво фрагментирани податоци, ја претвори во идентитет направен од избори изразени со кликови, со кои манипулираат алгоритми на начин на кој не може ни да си претставиме.
Мојот татако беше пример на либерален поединец. Иронијата беше во тоа што беше и доживотен марксист. За да живее, мораше да ја продава својата работна сила во челичарницата во Елеусина. Но, секоја пауза за ручек ја минуваше низ отоворениот двор на Археолошкиот музеј, уживајќи во артефактите на древните технологии, за кои се покажа дека биле многу понапредни од тоа што се мислеше. Се враќаше од работа околу 17 часот, и по краткотрајна попладневна сиеста, беше подготвен да се вклучи во нашиот семеен живот, или да им се посвети на книгите што ги читаше. Неговиот живот во фабриката беше сосема одвоен од приватниот живот. Тоа е времето во кое левичарите како нас, беа подготвени да признаат дека капитализмот, ако ништо друго, барем им го имаше осигурено личниот суверенитет, додуша во јасно поставени граници. Колку и да беше напорно да се работи за шефовите, човекот можеше да си одвои дел од сопствениот живот само за себе, и да остане во тоа автономен, да носи сопствени одлуки, да биде слободен. Знаевме дека само богатите навистина ја имаат слободата на изборот, додека сиромашните беа слободни само да губат. Знаевме и дека најлошиот вид на ропство е оној во кој робовите учат како да ги сакаат своите окови. Но, умеевме да го цениме тоа право на поседување на личен живот.

На денешните млади луѓе им е ускратена и таа мала утеха. Од моментот кога ќе проодат, имплицитно ги подучуваме дека треба себе си да се посматраат како бренд, и тоа бренд кој ќе се оценува врз основа на перцепираната автентичност. Во современото онлајн општество, маркетингот на сопствениот идентитет едноставно не може да се заобиколи. Јавното прикажување на приватниот живот е една од најважните задачи на младите луѓе. Пред да објават фоtографија или видео клип, пред да дадат рецензија за филм или пред да објават твит, тие мора да се запрашаат кого ќе привлечат со направениот избор, а кого ќе одбијат. Мораат да откријат кој од нивните потенцијални „автентични идентитети“ е најпривлечен, постојано тестирајќи ги границите на сопственото мислење во она за што веруваат дека е просечно мнение на креаторите на јавното онлајн мислење. Бидејќи денеска секое искуство може да се забалежи и сподели, непрекинато се опседнати со прашањето, дали тоа треба и да го сторат. Секој наш избор, со или без сведоци, е уште еден чекор во внимателното градење на идентитетот.
Човек не морада биде левичар за да забележи дека правото на дел од денот кога не сме на продажба практично исчезна. Иронијата е во тоа што за крахот на либералната индивидуа не се заслужни фашистичките црни кошули, или сталинистичките комесари. Падот се случи тогаш кога новиот облик на капиталот ги повика младите да одговорат на најлибералната заповед од сите: да бидат свои. Од сите модификации на човечкото однесување што капиталот во Cloud успеа да ги спроведе и монетизира, ова е веројатно најимпресивното, крунско достигнување.
Посесивниот индивидуализам никогаш не бил добар за општественото здравје. Техно-феудалното општество што го создаде капиталот во Cloud, сега е уште попогубно, затоа што се урна оградата што и пружаше спокој на либералната индивидуа, и можност да се повлече од пазарот на трудот. Капиталот во Cloud ја распарчи индивидуата во мноштво фрагментирани податоци, ја претвори во идентитет направен од избори изразени со кликови, со кои манипулираат алгоритми на начин на кој не може ни да си претставиме. Така добивме индивидуи кои не се толку посесивни, колку што се запоседнати, или индивидуи кои немаат капацитет за самопоседување.
Не ја загубивме волјата. Нашето внимание го киднапираше новата владејачка класа. А бидејќи е познато дека интернет алгоритмите ги зацврстуваат најлошите стреотипи и веќе постоечките репресивни односи, најмногу страдаат најранливите: Жените, ментално болните лица, маргинализираните и сиромашните. Ако од примерите на фашизмот извлековме некоја корисна поука, тоа е разбирањето на човековата подложност кон демонизирачки стереотипи, како и грдите привлечности на моќта, стравот, зависта и презирот кои таквите стереотипи ги предизвикуваат во нас. Во актуелната општествена стварност, интернетот не поставува очи во очи со страшното кај „другиот“. Бидејќи во онлјан насилство нема крв и болка, подготвени сме на „другото“ да возвратиме со предизвикување, потсмев и бес. Техно-феудализам ја понуди биготеријата како емоционална компензација за анксиозност и фрустрации кои произлегуваат од потешкотиите во фокусирањето и изградбата на идентитетот.

Модераторите на содржините и прописите за говорот на омраза тука не помагаат, бидејќи опишаниот механизам иманентен на капиталот во Cloud и алгоритмите оптимизирани да ги зголемуваат рентиерските приливи на големите технокомпании ги користат токму омразата и незадоволството. Законодавците не можат да ги регулираат алгоритмите кои ги усоврши вештачката интелигенција, која ни нејзините креатори не ја разбираат.
Мојот татко веруваше дек пронаоѓањето на безвременската убавина на која ќе се фокусираме, како што тој правеше во градината на Елеусина, е единствената одбрана од демоните кои кружат околу човековата душа. Со години се обидавм и самиот да го правам тоа, на свој начин. Но, во ерата на техно-феудализмот, изолираниот индивидуален напор нема да биде од голема помош. Не е решение ниту отфрлање на интернетот, исклучување на телефонот и плаќање во кеш, наместо со картичка. Ако не се здружиме, никогаш нема да успееме да го социјализирамме и цивилизираме капиталот во Cloud, и конечно да ги ослободиме умовите на луѓето од неговиот стисок. Тука не чека голема контрадикција: Оживувањето на либералната индивидуа го бара точно тоа што го презираат либералите -нова револуција.
Јанис Варуфакис
Проџекст Синдикат
Слични новости
Светот во исчекување на „царините на Трамп“
Потегот, најавен за среда, еден од многуте во кои Трамп ги искористи своите претседателски овластувања, беше поттикнат од неговото инсистирање дека најголемата светска економија е „измамена од секоја земја во светот“
Првата трансплантиција на модифициран свински црн дроб на човек изведена во Кина
Кинески лекари ја извршија првата трансплантација на свински црн дроб на човек, објавија научниците од Воено-медицинскиот универзитет Ксиан во северозападна Кина
Хит серијата „Адолесценција“ за мизогинија ги поттикнува британските родители да размислуваат
„Адолесценција“, хит-серијата на Netflix за 13-годишно британско момче уапсено под сомнение за ужасно злосторство, ја зголеми вознемиреноста на родителите за токсичното и мизогинистичко влијание на кое младите се изложени на интернет