Министерството за финансии работи на измени и дополнувања на Законот за финансиски друштва, со цел зајакнување на регулаторната рамка, поголема заштита на граѓаните и унапредување на транспарентноста и стабилноста во работењето на овие субјекти, соопшти Министерството за финансии.
Со измените се предвидува и зголемување на основната главнина на финансиските друштва, како и укинување на исплатите во готовина, со што кредитните средства ќе може да се исплаќаат исклучиво преку банкарска сметка. Целта е поголема следливост на финансиските текови и намалување на ризиците од злоупотреби.
Министерството за финансии во март информираше дека по направените контроли на финасиските друштва, кои претежно се занимаваат со брзи кредити, утврдиле низа неправилности.
Слични новости
Послабо тргување, пониски приходи – добивката на Македонска берза падна за 42 отсто
Падот забележан во главниот извор на приливите од берзанските активности се одразил врз приходите кои изнесуваат 1,09 милиони евра и врз профитабилноста – добивката се намалила за 42,45 отсто.
Апелација го забрани штрајкот на контролорите на летање
Апелациониот суд во Скопје го забрани штрајкот на Струковиот синдикат на контролорите на летање. Адвокатот на М-НАВ вели дека и досегашните штрајкови на синдикатот на контролори на летање биле незаконски.
Мицкоски: Треба да стиснеме заби и сами да го изградиме Чебрен
Стратешки важната хирдоцентрала Владата ќе се обиде да ја гради сама без странски инвеститор. Цената е околу 1, 5 милијарди евра со камати – пари кои би се барале од меѓународните финансиски институции.


