Премиерот Христијан Мицкоски коментирајќи ја поднесената претставка на СДСМ за изгласаната Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција, истакна дека тој нема да коментира и остава Уставниот суд да донесе одлука за оваа иницијатива.
„Немам коментар. Сепак, тука е Уставниот суд. Уставниот суд е тој кој што треба да донесе одлука за иницијативата на СДСМ. Јас навистина жалам што СДСМ не беше во рамките на Парламентот да изгласа Резолуција со којашто заеднички ќе се обврземе дека било која Влада ќе биде во Македонија дека нема да дозволиме изградба на мигрантски кампови, дека на дозволиме прифаќање на било каков тип на мигранти или неуспешни апликации на азиланти кои се резултат на било каков договор и на било каква политика. Тие одлучија да калкулираат и ја напуштија салата. Јас навистина жалам, бидејќи претходно водеа една лажна кампања дека сме се сложиле за нешто за што не сме се сложиле. Еве, нека одлучи Уставниот суд. Јас не ги коментирам одлуките на Уставниот суд. Тоа сум го кажал многу пати во минатото, рече Мицкоски по посетата на фабриката „Алкалоид“ АД Скопје.
СДСМ до Уставниот суд поднесе претставка за уривање на правниот поредок откако владејачкото мнозинство во Собранието усвои „Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција“.
Собранието завчера ја усвои Резолуцијата за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција, поднесена од парламентарното мнозинство. Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски тогаш истакна дека парламентарното мнозинство и Владата имаат јасна и непроменлива политика против нелегалната миграција и дека никогаш не било побарано, ниту ќе се дозволи, изградба на мигрантски кампови или трајно сместување мигранти во државата. Според него, со Резолуцијата се става крај на шпекулациите и дезинформациите што создаваат страв и несигурност кај граѓаните.
Слични новости
Три дена по ред загадувањето над максимумот
Прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 150 mg /m3 во текот на два последователни денови) е надминат на мерните места во Скопје – Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат
Грипот во замав, минатата седмица во пораст од 31,3 отсто
Во текот на 50. седмица од годинава, односно периодот од 8 до 14 декември, во земјава биле пријавени 126 случаи на грип и на групни пријави, што е за 31,3% повеќе од однос на седмицата претходно, соопшти Институт за јавно здравје (ИЈЗ)
Од 262 контроли на безбедноста на новогодишните пакетчиња, само мали недоследности
Во пресрет на новогодишните празници, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведе 262 вонредни инспекциски надзори за контрола на безбеднста на детските новогодишни пакетчиња


