Тргувањето на Волстрит беше неизвесно во четвртокот, при што индексот Dow Jones благо падна, а S&P 500 благо порасна, додека инвеститорите ги анализираа кварталните деловни резултати на компаниите.

Индексот Dow Jones падна за 0,28 отсто, на 44.747 поени, додека S&P 500 порасна за 0,36 отсто на 6.083 поени, а Nasdaq индексот за 0,51 отсто, на 19.791 поени.

Инвеститорите се фокусираа на деловните резултати на компаниите. Така, на пример, благодарение на подобрите од очекуваните резултати во последниот квартал од минатата година, цената на акцијата на производителот на цигари „Philip Moriss“ скокна за повеќе од 10 отсто.

Од друга страна, цената на индустрискиот гигант „Honeywell“ падна за повеќе од 5 отсто поради послабите од очекуваните проценки за растот на продажбата и заработката оваа година.

Во досегашниот дел од сезоната на објавување на резултатите повеќето компании оствариле поголема заработка од очекуваното, но тоа е вообичаено бидејќи аналитичарите речиси секогаш наведуваат пониски проценки со цел да создадат простор за раст на цената на акциите.

Вчера инвеститорите се фокусираа и на акциите на „Amazon“, при што нивната цена се зголеми за повеќе од 1 процент. Сепак, по објавувањето на деловните резултати, цената на акцијата на технолошкиот гигант падна за околу 4 отсто во продолженото тргување по затворањето на Волстрит.

Додека инвеститорите вчера се фокусираа на деловните резултати, насоката на пазарот во петок најмногу ќе зависи од американскиот извештај за вработувањата за јануари. Овој извештај ќе покаже колку е силен пазарот на трудот и колку се зголемени платите, а од тоа меѓу другото зависат и натамошните активности на американската централна банка.

Мора да се признае, речиси никој не очекува челниците на Fed да ги намалат каматните стапки на следниот состанок во март, но се верува дека тоа би можеле да го направат во јуни.

А на европските берзи цените на акциите значително пораснаа вчера, откако британската централна банка ги намали каматните стапки за дополнителни 0,25 процентни поени.

Индексот STOXX 600 на најважните европски акции скокна за 1,25 отсто, на рекордни нивоа. Лондонскиот FTSE индекс се зголеми за 1,21 отсто, на рекордни 8.727 поени, додека франкфуртски DAX порасна за 1,47 отсто, на 21.902 поени, а париски CAC за 1,46 отсто, на 8.007 поени.

globe

Слични новости

Еврото зајакна во однос на доларот втора семица по ред

Еврото зајакна во однос на доларот втора семица по ред

На валутните пазари вредноста на американскиот долар во однос на кошницата валути падна минатата седмица, втора по ред, при што еврото дополнително зајакна во однос на доларот бидејќи зголемената јавна потрошувачка во Германија може да го забрза економскиот раст

Светските берзи во пад под притисокот од цаинската војна

Светските берзи во пад под притисокот од цаинската војна

Цените на акциите паднаа на светските берзи минатата седмица бидејќи инвеститорите стравуваа дека царинската војна меѓу Вашингтон и неговите најголеми трговски партнери ќе предизвика забрзување на инфлацијата и забавување на економскиот раст

Премиерот Мицкоски најави нови 500 милиони евра кредит, наменети за локални и регионални патишта

Премиерот Мицкоски најави нови 500 милиони евра кредит, наменети за локални и регионални патишта

Премиерот рече дека 500-те милиони евра кредит ќе бидат вложени во реконструкција на локални, регионални и експресни патишта. Ќе се поврзуваат општина со општина со локални и регионални патишта.