Цените на нафтата денеска повторно почнаа да растат на азиските берзи поради неизвесноста околу исхофот на мировните преговори меѓу САД и Иран, откако Швајцарија потврди дека преговорите се откажани.
Референтната нафта Брент повторно се искачи на над 80 долари за барел, а суровата американска нафта ВТИ на 76,3 долари за барел.
Пред откажувањето на потпишувањето на договорот во Швајцарија цените на нафтата паѓаа во текот на целата недела и се спуштија на под 80 долари за барел, бидејќи на берзите се сметаше дека договорот за прекин на војната ќе овозможи слободен проток на нафтата од Персискиот залив.
Слични новости
Берзите нестабилни пред клучни податоци кои се очекуваат да бидат објавени неделава
Европските индекси на берзите денеска се главно нестабилни, додека инвеститорите се подготвуваат за важна недела во која ќе бидат објавени кварталните извешати за работењето на големите американски банки и податоците за инфлацијата во САД.
Криза во „Фолксваген„ : Десетици илјади вработени се соочуваат со откази
Главниот проблем на „Фолксваген“ е падот на продажбата на главните пазари, особено во САД и Кина, а продажбата на компанијата во вториот квартал на 2026 е падната за 8,6 насто.
Ербиенби воведува поголеми провизии за домаќините
Наместо досегашниот модел, според кој сопствениците плаќаа околу 3 насто провизија, новиот систем предвидува провизија за домаќините од 15,5 насто.


