Авионските билети во Европа најверојатно ќе поскапат во пресрет на летната сезона, бидејќи авиокомпаниите не можат долгорочно да ги покриваат зголемените трошоци за млазно гориво. На тоа предупреди генералниот директор на Меѓународното здружение за воздушен сообраќај, ИАТА, Вили Волш, кој оцени дека повисоките цени на билетите се „неизбежни“.
Иако дел од европските авиокомпании во последниот период ги намалуваа цените за да ја поттикнат побарувачката, Волш предупредува дека таквата состојба не може да трае долго. Според него, високите цени на нафтата и нарушувањата во снабдувањето со гориво на крајот ќе се префрлат врз патниците.
Кризата е поврзана со затворањето на Ормутскиот теснец и конфликтот на Блискиот Исток, кои силно го погодија снабдувањето со млазно гориво.
Слични новости
Најголемите европски нафтени компании остварија екстра профит
Трите најголеми европски нафтени компании Шел, БП и Тотал Енерџиз остварија во првиот квартал од годината значајни дополнителни приходи благодарение на големите осцилации на светските енергетски пазари, објави Фајненшал тајмс.
Дубаи и Абу Даби претрпеа големи штети од војната на Блискиот исток
Берзите во Дубаи и Абу Даби изгубија околу 120 милијарди долари вредност за краток период. Туризмот претрпе крах откако пополнетоста на хотелите падна на само 20%, додека воообичаено изнесува меѓу 70 и 80%.
Благ пад на цената на златото на берзите
Цената на златото денес бележи мало намалување на светските пазари, но и понатаму останува на историски високи нивоа.


