Авионските билети во Европа најверојатно ќе поскапат во пресрет на летната сезона, бидејќи авиокомпаниите не можат долгорочно да ги покриваат зголемените трошоци за млазно гориво. На тоа предупреди генералниот директор на Меѓународното здружение за воздушен сообраќај, ИАТА, Вили Волш, кој оцени дека повисоките цени на билетите се „неизбежни“.
Иако дел од европските авиокомпании во последниот период ги намалуваа цените за да ја поттикнат побарувачката, Волш предупредува дека таквата состојба не може да трае долго. Според него, високите цени на нафтата и нарушувањата во снабдувањето со гориво на крајот ќе се префрлат врз патниците.
Кризата е поврзана со затворањето на Ормутскиот теснец и конфликтот на Блискиот Исток, кои силно го погодија снабдувањето со млазно гориво.
Слични новости
Пад на профитот на Сименс на 2,2 милијарди евра
Германската индустриска компанија „Сименс“ денска објави дека нејзиниот нето профит во првиот квартал на 2026 падна за 8 насто меѓугодишно на 2,2 милијарди евра.
Во април производството на нафта падна за нови 1,8 милиони барели дневно
Глобалното производство на нафта во април падна за дополнителни 1,8 милиони барели дневно, со што вкупните загуби од февруари достигнаа 12,8 милиони барели дневно, соопшти Меѓународната агенција за енергетика.
Благ пад на цената на нафтата на 106 долари за барел
Цените на нафтата утрово паднаа, прекинувајќи го тридневниот раст и покрај тоа што продолжениот конфликт на Блискиот Исток и двојно затворениот Ормуски теснец ги стеснија глобалните резерви на енергија.


