Пациентите со Тип 1 дијабетес се соочуваат со продолжен недостиг на терапија, ленти и сензори, предупредува претседател на Асоцијацијата на дијабетичари, Димче Велев. Тој апелираше до министерството за здравство веднаш по празниците да се обезбеди неопходната терапија за болните од дијабетес.

Недостигот го објаснува со доцнењето на тендерите и лошото планирање од Министерството за здравство.

Како решение предлага нов модел на Фондот за здравствено осигурување од 2027 година, кој овозможува терапијата и помагалата да се подигаат директно од аптеките.

 

Слични новости

Судењето за пожарот во „Пулс“ продолжува со нови сведоци

Сведоците посочија дека во „Пулс“ немало видливи противпожарни апарати, дека единствениот излез бил главниот влез и дека кратко пред пожарот полицијата вршела контрола, но не реагирала на пиротехниката која била користена без одобрение.