За браќата Себастијан (22), Франческо (19) и Салваторе (24) Еспозито, оваа недела беше како сон. Речиси во исто време, браќата постигнаа вкупно пет гола на два натпревара во италијанските Серија А и Б, носејќи им победи на своите тимови.

Најпознаиот од нив – Себастиано, кој е играч на Интер како позајмен во Емполи, постигна два гола во победата на неговиот тим од 4:1 на гостувањето кај Верона. Напаѓачот на Емполи ги постигна првите два гола на натпреварот во 16. и 19. минута. Тој постигна вкупно четири гола оваа сезона и е водечки стрелец на Емполи.

Неговата серија ја продолжија Франческо и Салваторе во победата на Специја од 5:0 против Читадела. Салваторе постигна два гола (45, 53), а Франческо еден (34). и Франческо е член на Интер, кој од минатата сезона е на позајмица во Специја.

Италијанските медиуми пренесуваат дека на нивните родители им било најтешко бидејќи во исто време биле натпреварите меѓу Верона – Емполи и Специја – Читадела.

„Да беше ТВ серија, нејзиниот наслов ќе беше Викенд од соништата“, пишува Gazzetta dello Sport.

globe

Слични новости

Конференциска лига: Осум клуба минаа директно, 16 во разигрувањето

Конференциска лига: Осум клуба минаа директно, 16 во разигрувањето

Заврши лигашкиот дел од натпреварувањето во фудбалската конференциска лига, а по шестото коло познати се осумте клубови кои директно ќе одат во нокаут-фазата, како и клубовите кои ќе одиграат дополнителни натпревари