
Модната недела во Лондон започнува со полово флуидните дизајни на Харис Рид, кој го празнува небинарниот романтизам. Рид, кој е познат по спектакуларни и театрални дизајни, ќе го престави својот бренд во галеријата Тејт Британија. Младиот англиски дизјанер се прослави со стајлингот на Лили Колинс за серијата „Емили во Париз“ и е меѓу најбараните имиња за календарот есен-зима во 2025.
На англиската недела ќе се претстават неколку значајни британски модни брендови како Барбери, Ердем и Симон Роша, иако е забележливо и отсуството на неколку значајни британски брендови.
Модната индустрија во Британија е значаен дел од британската економија бидејќи годишно генерира близу 30 милијарди фунти, а во неа се вработени околу 800 000 луѓе.
Слични новости
Донатела Версаче веќе не креативен директор на брендот
Донатела Версаче ќе се повлече од функцијата главен креативен директор на брендот Версаче по речиси три децении во оваа улога, објави во четвртокот сопственикот „Capri Holdings“
Пласидо Доминго пристигна во Скопје – од аеродром директно на проба
Славниот шпански тенор и диригент Пласидо Доминго, кој утре треба да одржи концерт во арената „Борис Трајковски“, вчера пристигна во Скопје. Без ни минута одмор, славниот маестро од аеродромот директно се упати кон Националната опера и балет, каде што заедно со оркестарот на НОБ ја одржаа првата проба
Џеф Даниелс се придружи на кастот за третата сезона од серијата „Shrinking“
Серијата „Shrinking“на Ејпл ТВ го ангажира двојниот добитник на наградата Еми Џеф Даниелс во кастот за третата сезона.