Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека наредил во чест на американската кантри пејачка и актерка Доли Партон, знамињата на САД да бидат спуштени на пола копје во наредните недела дена.

Доли Партон почина вчера во 80-тата година од животот, соопшти нејзиното семејство.  Доли Партон имаше освоено 11 Греми награди, вклучувајќи ја и наградата за животно дело.

Со продадени преку 100 милиони плочи таа стана една од најпродаваните пејачки на сите времиња, а се оствари и како текстописец и како актерка.

Слични новости

„Практична магија 2“ се очекува да го собори Спајдермен на врвот од американскиот Бокс Офис по шест недели

„Практична магија 2“ се очекува да го собори Спајдермен на врвот од американскиот Бокс Офис по шест недели

Филмот „ „Практична магија 2“ на студиото Ворнер Брос се очекува викендов да го зазеде првото место на американскиот Бокс офис по шест недели царување на Спадјдермен. Филмот почна да се прикажува во 4.000 кина во САД, а вториот дел во кој главните улоги повторно ги толкуваат Сандра Булок и Никол Кидман се сними 28 години по првиот дел.