Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека наредил во чест на американската кантри пејачка и актерка Доли Партон, знамињата на САД да бидат спуштени на пола копје во наредните недела дена.
Доли Партон почина вчера во 80-тата година од животот, соопшти нејзиното семејство. Доли Партон имаше освоено 11 Греми награди, вклучувајќи ја и наградата за животно дело.
Со продадени преку 100 милиони плочи таа стана една од најпродаваните пејачки на сите времиња, а се оствари и како текстописец и како актерка.
Слични новости
„Одисеја“ на Кристофер Нолан ја надмина бројката од 300 милиони заработка за само 5 дена прикажување
Акцискиот спектакл на Кристофер Нолан „Одисеја“ сниман со 70 милиметарски камери кој се прикажува и во Ајмакс кината ширум светот, продолжува да соборува рекорди. Филмот за пет дена прикажување веќе има заработка од 304 милиони долари, а 22 милиони долари заработи само во вторникот во САД.
Светското првенство ги надмина сите рекорди според гледаност во САД
Финалето на Светското првенство меѓу Шпанија и Аргентина го гледаа дури 66,4 милиони гледачи, што речиси тројно го надмина претходниот рекорд од 25,78 милиони гледачи од финалето во 2022.
Франција воведува целосна забрана за користење социјални мрежи за деца под 15 години
Забранет пристап до социјалните мрежи за деца до 15 години воведува Франција од јануари откако го донесе законот. Со тоа Франција станува првата европска земја што воведува целосна забрана за користење на тие платформи за деца, а сите корисници ќе мора да ја потврдат својата возраст.

