Невработеноста во еврозоната во февруари изнесува 6,2 насто и таа порасна за 0,1 насто во однос на историскиот минимум кој беше забележан во јануари објави денеска Евростат.
Бројот на невработени во еврозоната порасна за 93 000 во однос на јануари, на вкупно 10,9 милиона луѓе.
На годишно ниво бројот на невработеноста во однос на февруари 2025 е падната за 124.000 луѓе. Најголема стапка на невработеност има клај младите и таа изнесува 14,9 насто.
Најмала невработеност имаат Германија со 4 и Холандија со 4,1 насто, а највисока Шпанија со 9,8 насто.
Слични новости
Иран се закани дека ниту еден литар нафта нема да биде извезен од Блискиот исток
Иранската револуционерна гарда денеска соопшти дека нема да дозволи извоз на „ниту еден литар нафта“ од Блискиот Исток доколку САД и Израел продолжат да напаѓаат.
Пад на цените на нафтата
Цената на суровата нафта Брент падна за околу 4,3% на 94,62 долари за барел во понеделник до 23:45 часот по источно време.
Голем пад на цените на акциите на светските берзи
Индексот Eurostoxx 50, кој ги следи водечките европски акции, како и германскиот индекс DAX, денеска се во пад од повеќе од три проценти, додека британскиот FTSE беше понизок за околу 1,7 проценти.


