Арсенал конечно ја освои титулата во Премиер лигата по 22 години чекање, а навивачите на Арсенал спектакуларно ја прославија титулата. Огромен број навивачи на Арсенал дојдоа на стадионот „Емирати“ каде што бучно го прославија синоќешното реми меѓу Манчестер сити и Борнмут што значеше и титула за Арсенал.
Манчестер сити губеше од Борнмут до претпоследната минута од судиското надополнување и изедначи со голот на Доку.
И покрај тоа што загуби два бода буквално во последната минута, Борнмут сеуште има шанса да го освои петтото место и да се пласира во Лигата на шампионите, но пред последното коло Ливерпул има предност од три бода.
Слични новости
Сан Антонио направи брејк во финалето на западот против шампионот Оклахома со спектакуларна партија на Вемби
На отварање на финалната серија на Западот меѓу Оклахома сити и сан Антонио гледачите уживаа во вистински спектакл кој беше решен во полза на сан Антонио дури по две продолженија. Французинот Виктор Вембенјама имаше неверојатна партија со 41 поен, 24 скокови и 3 блокади.
НБА: Тренерот Џамал Мозли го напушти Орландо и потпиша договор со Њу Орлеанс
НБА соопшти дека Мозли потпишал петгодишен договор со Њу Орлеанс Пеликанс за соработка со франшизата од Луизијана.
Мурињо нов тренер на Реал Мадрид
Жозе Мурињо се враќа во Реал Мадрид. Сите услови меѓу Мурињо и Реал Мадрид се усно договорени, останува уште потпишување на документите.


