Кошаркарите на Милвоки се новите освојувачи на НБА Купот, во финалниот меч во Лас Вегас ја победија Оклахома Сити со 97:81 (27:28, 24:22, 26:14, 20:17).

По целосно изедначеното прво полувреме, на паузата се замина со минимална предност од 51:50 за Милвоки, кој речиси целосно доминираше во преостанатиот дел од финалниот меч кога првенствено го разби противникот со одбраната.

Офанзивно моќниот тим на Оклахома Сити за 24 минути игра постигна само 31 поен, а Јанис Адетокумбо остана без одговор во одбраната. Грчкиот центар мечот го заврши со „трипл-дабл“ учинок, Адетокумбо постигна 26 поени со 10 асистенции и дури 19 скока. Впиша уште три блокади и две украдени топки. Одлична поддршка имаше во Демијан Лилард, кој постигна 23 поени при тројки 5-10, додека Брук Лопез и Гери Трент Џуниор додадоа по 13 поени. Дополнително, Лопез имаше девет скока и го завршу дуелот со 3 од 6 за три поена.

Прв стрелец во поразениот тим беше Шаи Гилџеус-Александер со 21 поен, но и со слаб шут од 8-24. Џејлен Вилијамс постигна 18 поени, додека Ајзеја Хартенштајн имаше 16 поени и 12 скока. Оклахома Сити имаше мизерни 15,6 проценти шут за три поена во ова финале, нејзините играчи погодија само 5 од 32 шутеви за три поена. Исто така, шутираа нешто помалку од 34 отсто од поле.

Премиерното издание на ова натпреварување минатата сезона го освоија кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс кои во финалето ја победија Индијана со 123:109.

globe

Слични новости

FIFA The Best: Најдобар играч на Винисиус Жуниор, втор трофеј за Аитана Бонмати

FIFA The Best: Најдобар играч на Винисиус Жуниор, втор трофеј за Аитана Бонмати

Во изборот за оваа награда преку официјалниот онлајн портал на ФИФА учествуваа капитените и селекторите на репрезентациите, претставници на медиумите и навивачите, а секој од нив ги рангираше тројцата најдобри