Управниот одбор на НБА во четвртокот едногласно ја одобри продажбата на мнозинскиот удел во кошаркарскиот клуб Лос Анџелес Лејкерс на Марк Волтер, објави Северноамериканската кошаркарска лига.
„Се очекува трансакцијата да се затвори наскоро“, се вели во соопштението на НБА.
Лос Анџелес Лејкерс ќе бидат продадени на Марк Волтер за приближно 10 милијарди долари, објави спортската мрежа ESPN во јуни.
„Марк Волтер има долга врска со нашата лига, бидејќи е малцински сопственик на Лејкерс повеќе од една деценија и главен сопственик на Спаркс во ВНБА (женската лига). Бидејќи Марк ја презема улогата на мнозински сопственик на Лејкерс, не се сомневам дека тој ќе биде посветен лидер на тимот и одлично дополнување на нашата лига со оглед на неговите многубројни успешни потфати во бизнисот и спортот“, рече комесарот на НБА, Адам Силвер.
Семејството Басс, кое поседува мнозински удел од 1979 година, ќе задржи приближно 15 отсто од уделот во тимот, а Џини Басс ќе остане на својата позиција како гувернерка на клубот најмалку пет години.
Валтер е извршен директор на „TWG Global“, холдинг компанија која изгради импресивно портфолио од професионални спортски тимови, вклучувајќи ги Лос Анџелес Доџерс (бејзбол) и Лос Анџелес Спаркс (ВНБА). Вклучени се и тенискиот турнир „Били Џин Кинг Куп“ и тимот на Кадилак Формула 1, кој ќе се натпреварува во Формула 1 почнувајќи од следната година.
„Лос Анџелес Лејкерс се една од најзначајните франшизи во сите спортови, дефинирана со историја на извонредност и неуморна потрага по величина“, рече Валтер.
Валтер е рангиран на 589-то место на листата на Forbes на најбогати луѓе во светот со проценето лично богатство од 6,1 милијарда долари. Тој е исто така извршен директор на „Guggenheim Partners“, компанија за финансиски услуги со средства вредни повеќе од 345 милијарди долари.
Лејкерс се основани во Минеаполис во 1947 година, потоа се преселени во Лос Анџелес пред сезоната 1960/61, а во 1979 година беа преземени од др Џери Басс.
Тимот стигна до плејофот на НБА лигата 65 пати, освојувајќи 17 титули, една помалку од Бостон Селтикс кои имаат најмногу трофеи во најсилната кошаркарска лига на светот.
Слични новости
Нов кикс на Реал во Ла Лига
Фудбалерите на Селта Виго ја постигнаа својата прва победа на мадридскиот фудбалски храм „Сантијаго Бернабеу“ по речиси 20 години откако го победија Реал со 2:0
Двата гола на Хојлунд го донесоа Наполи на врвот на табелата
Фудбалерите на Наполи се искачија на врвот на табелата во италијанското првенство со победата од 2:1 на домашен терен во последниот неделен натпревар од 14-то коло против Јувентус
Важни бодови за Кристал Палас во борбата за пласман во Лигата на шампионите
Фудбалерите на Кристал Палас скокнаа на четвртото место на табелата во англиското првенство со победата од 2:1 на гости против Фулам во вториот неделн натпревар од 15-то коло


