Кошаркарите на Њу Орлеанс Пеликанс ги совладаа Феникс Санс со 124:112 во НБА лигата во четвртокот ноќта. Целиот стартен состав на Њу Орлеанс постигна двоцифрен број поени, предводен од Зион Вилијамсон, кој го заврши својот учинок со „трипл-дабл“ – 27 поени, 11 асистенции и десет скока, а хрватскиот центар Карло Матковиќ постигна 17 поени и десет скока.

За Феникс, кој сѐ уште е во лош ритам, најдобар беше Девин Букер, кој постигна 36 поени, заедно со девет асистенции и седум скока. Натпреварот во Феникс беше целосно изедначен до последната четвртина која Њу Орлеанс ја доби со 11 разлика и со тоа ја обезбеди победата.

Голден Стејт направија пресврт на гостувањето против Орландо Меџик каде победија со 121:115. На полувремето Орландо водеше со 66:52, но потоа гостите во третата четвртина тргнаа во серија од 40:21 и направија пресврт.

Стивен Кари беше одличен за Голден Стејт кој го заврши натпреварот со 56 поени. Кари шутираше за 16-25 од поле, вклучително и многу добри 12-19 од три поена. Втор најдобар стрелец на Голден Стејт беше центарот Квинтен Пост, кој влезе од клупата и постигна 18 поени.

За поразениот Орландо, Паоло Банкер постигна 41 поен со пет асистенции и шест скока, додека Франц Вагнер додаде 27 поени.

Милвоки пред своите гледачи го совлада Денвер со 121:112. Секој играч од првата постава на домашниот тим постигна двоцифрен број поени. Најдобри беа Јанис Адетокумбо со 28 поени, 19 скока и седум асистенции, додека Брук Лопез додаде 22.

Од друга страна, не помогна ниту новиот „трипл-дабл“ учинок на Никола Јокиќ, кој постигна 32 поени, имаше 10 асистенции и 14 скока.

Лос Анџелес Лејкерс на домашен терен беа подобри од Минесота со 111:102, а патот до славјето го направија во првата четвртина која ја добија со 33:17. Леброн Џејмс беше најдобриот стрелец на ЛА Лејкерс со 33 поени, придодадени 17 скока и шест асистенции. Лука Дончиќ го комплетираше напаѓачкиот тандем на домашните, а со 21 поен имаше 13 скока и пет асистенции.

globe

Слични новости