Ненадејното заминување на тренерот Џамал Мозли од Орландо Меџик, откако малку му недостигаше да ги елиминира првопласираните Детроит во плеј офот на Источната конференција, предизвика големо изненадување во НБА лигата.
Мозли не чекаше долго на нов ангажман, откако НБА соопшти дека Мозли потпишал петгодишен договор со Њу Орлеанс Пеликанс за соработка со франшизата од Луизијана.
Пеликанс потфрлија и оваа сезона, најмногу поради повредите на играчите, а особено внимание ќе предизвика трансфер политиката на клубот по негоото доаѓање.
Мозли на клупата ќе го замени Џејмс Борего кој во средината на ноември стана тренер како преодно решение, откако замина долгогодишниот тренер на тимот Вили Грин.
Слични новости
Сан Антонио Спарс со убедлива победа израмнија на 1:1 против Минесота
Сан Антонио Спарс утринава жестоко возврати и победи со убедливи 133:95, со што и го нанесоа најтешкиот пораз на Минесота во еден плеј оф натпревар.
Њујорк поведе со 2:0 во полуфиналето на Истокот со Филаделфија
Њујорк Никс го добија и вториот меч во полуфиналната серија против Филадефија 76 во својот Медисон Сквер Гарден со 108:102.
Париз Сен Жермен во финалето на ЛШ по нерешените 1:1 во Минхен со Баерн
Фудбалерите на Париз Сен Жермен втора година по ред се пласираа во финалето на Лигата на шампионите, откако синоќа во Минхен одиграа нерешено со Бајерн 1:1.


