По повеќегодишна пауза НБА екипите повторно ќе играат во Кина, но засега само подготвителни натпревари, објави И ЕС ПИ ЕН. Според информациите на оваа телевизија, Феникс Санс и Бруклин Нетс треба да одиграат два подготвителни натпревара во октомври во Макао.

Во Кина не е организиран ниту еден натпревар на НБА тимовите од 2019 откако уследи контроверзната изјава на Дарил Мореј, тогашен менаџер на Хјустон Рокетс во полза на протестите во Хонг Конг.

Односите меѓу НБА и Кина, многу важен пазар за НБА со огромен број на гледачи и навивачи, постепено се обновуваат, особено по доаѓањето на Мајкл Ма, кој е задолжен за Кина во НБА.

Комесарот на НБА лигата Адам Силвер неоодамна изјави дека верува оти НБА во еден момент повторно ќе се врати во Кина.   

Слични новости

Конференциска лига: Осум клуба минаа директно, 16 во разигрувањето

Конференциска лига: Осум клуба минаа директно, 16 во разигрувањето

Заврши лигашкиот дел од натпреварувањето во фудбалската конференциска лига, а по шестото коло познати се осумте клубови кои директно ќе одат во нокаут-фазата, како и клубовите кои ќе одиграат дополнителни натпревари