Во единствениот НБА натпревар одигран синоќа, Њујорк Никс ги победија Торонто Репторс со 113:108.

До победата ги предводеше Карл-Ентони Таунс со 24 коша и 15 скока, но и со последните два коша со кои Никс се одлепија. Таунс најпрво постигна два поена за водство 110:108 на 36 секунди до крајот, а потоа и „тројка“ за конечен резултат на шест секунди до крајот.

 

Микал Бриџис додаде 23 поени за Њујорк, Џејлен Брунсон постигна 20 поени и 11 асистенции, а Џош Харт постигна 10 поени.

Поранешниот играч на Никс, ЕрЏеј Барет постигна 30 поени за Репторс. Скоти Барнс постигна 15 поени пред во третата четвртина да го напушти натпреварот поради повреда на зглобот

globe

Слични новости