Американскиот професионален кошаркарски НБА тим Сан Антонио Спарс најмалку две седмици ќе биде без својот најдобар играч, францускиот центар Виктор Вембањама поради повреда на листот на левата нога.

Првиот избор на драфтот во 2023 година го пропушти натпреварот во неделата против Сакраменто Кингс, кој Спарс го добија со 123:110 и со тоа стигнаа до резултат од 9 победи и порази.

 

Според американските медиуми, Спарс ќе се однесуваат кон повредата на Вембањама со голема претпазливост.

„Неодамна видовме низ лигата дека повредите на листот не треба да се сфаќаат лесно. Не сакаме ништо да форсираме“, рече тренерот на Спарс, Мич Џонсон.

Вембањама има просек од 26,2 поени, 12,9 скока, 4,0 асистенции и 3,6 блокади оваа сезона.

Минатата сезона, високиот Французин одигра само 46 натпревари поради проблеми со венска тромбоза на десното рамо.

globe

Слични новости

Нов кикс на Реал во Ла Лига

Нов кикс на Реал во Ла Лига

Фудбалерите на Селта Виго ја постигнаа својата прва победа на мадридскиот фудбалски храм „Сантијаго Бернабеу“ по речиси 20 години откако го победија Реал со 2:0