Американскиот професионален кошаркарски НБА тим Сан Антонио Спарс најмалку две седмици ќе биде без својот најдобар играч, францускиот центар Виктор Вембањама поради повреда на листот на левата нога.
Првиот избор на драфтот во 2023 година го пропушти натпреварот во неделата против Сакраменто Кингс, кој Спарс го добија со 123:110 и со тоа стигнаа до резултат од 9 победи и порази.
Според американските медиуми, Спарс ќе се однесуваат кон повредата на Вембањама со голема претпазливост.
„Неодамна видовме низ лигата дека повредите на листот не треба да се сфаќаат лесно. Не сакаме ништо да форсираме“, рече тренерот на Спарс, Мич Џонсон.
Вембањама има просек од 26,2 поени, 12,9 скока, 4,0 асистенции и 3,6 блокади оваа сезона.
Минатата сезона, високиот Французин одигра само 46 натпревари поради проблеми со венска тромбоза на десното рамо.
Слични новости
Ескалира конфликтот во Ливерпул меѓу Арне Слот и Мохамед Салах
Медиумите известуваат дека Арне Слот нема да го стави Салах на списокот на фудбалери што ќе отпатуваат во Милано каде што Ливерпул игра меч од Лигата на шампионите против Интер.
Реал Мадрид во дербито на Лигата на шампионите против Манчестер сити без шестмина дефанзивци
Едер Милитао доживеа потешка повреда,, а претходно беа повредени Дани Карвахал, Трент-Александар Арнолд, Дин Хаусен, Ферлан Менди и Давид Алаба.
НБА: Лејкерс славеа со Дончиќ и Џејмс, 15-та победа по ред за Тандер
Лос Анџелес Лејкерс ги победија Филаделфија 76ерс со 112:108 на гостински терен синоќа, а Лука Дончиќ и Леброн Џејмс постигнаа заедно 60 поени откако се вратија во поставата


