Тимот на Денвер Нагетс ја прекина серијата порази откако утринава победи на гостински терен против Индијана Пејсерс 135:120. Блескава партија во тимот на Денвер имаше Џамал Мари кој постигна 52 коша.

Тој го урна и сопствениот рекорд според бројот на постигнати тројки. Мари постигна 10 тројки од 11 обиди со процент на шут за три поени од 91 насто и вкупен процент на шут од 80 насто.

Никола Јокиќ за Денвер постигна 24 коша со 13 асистенции и осум скокови. Кај ослабената Индијана најефикасен беше Паскал Сиакам со 23 коша, а Ендрју Нембхард постигна 16.

 

Слични новости

Бразил доби тешка група, оцени Анчелоти

Бразил доби тешка група, оцени Анчелоти

Бразил е извлечен во „тешка група“ на Светското првенство во 2026 година, со Мароко, Шкотска и Хаити како негови противници, изјави селекторот на Бразил, Карло Анчелоти, по жрепката во Вашингтон