Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс ја забележаа својата петта последователна победа во НБА лигата победувајќи ги Лос Анџелес Клиперс во градската пресметка со 135:118.
Лејкерс до нова победа ги предводеа одличниот Лука Дончиќ со 43 поени, 13 асистенции и 9 скока, добро го поддржаа Остин Ривс со 31 и Леброн Џејмс со 25 поени. Кај Клиперс, Џејмс Харден беше најефикасен со 29 гола, Кавај Ленард и Крис Дан додадоа по 19.
Победата на Лејкерс ги изедначи со Денвер Нагетс за второто место во Западната конференција со резултат од 13-4, додека Клиперси се на 13-то место на Западот со резултат од 5-13.
Овој натпревар се броеше и за НБА Купот, бидејќи двата тима се во иста група, а победата на Лејкерс обезбеди место во нокаут фазата од тоа натпреварување, сега со резултат од 3-0, додека Клиперс се на 2-1.
Вашингтон Визардс ја забележаа само втората победа во сезоната, победувајќи ги Атланта Хокс дома со 132:113 со 46 поени од СиЏеј Меколум, додека Кристапс Порзингис постигна 22 за гостите.
Во Филаделфија, Орландо Меџик ги декласираа домашните Севентисиксерс со 144:103. Играчот од клупата Ентони Блек ги предводеше победниците со 31 асистенција, додека Тајрис Макси постигна 20 за поразените.
Слични новости
НБА: Лејкерс славеа со Дончиќ и Џејмс, 15-та победа по ред за Тандер
Лос Анџелес Лејкерс ги победија Филаделфија 76ерс со 112:108 на гостински терен синоќа, а Лука Дончиќ и Леброн Џејмс постигнаа заедно 60 поени откако се вратија во поставата
Нов кикс на Реал во Ла Лига
Фудбалерите на Селта Виго ја постигнаа својата прва победа на мадридскиот фудбалски храм „Сантијаго Бернабеу“ по речиси 20 години откако го победија Реал со 2:0
Двата гола на Хојлунд го донесоа Наполи на врвот на табелата
Фудбалерите на Наполи се искачија на врвот на табелата во италијанското првенство со победата од 2:1 на домашен терен во последниот неделен натпревар од 14-то коло против Јувентус


