По кошаркарите на Милвоки и Оклахома Сити, патувањето во Лас Вегас за полуфиналето на НБА купот го изборија и Атланта која го победи Њујорк на гости и Хјустон кој во драматичен меч го победи Голден Стејт.

Атланта беше подобра од Њујорк со 108:100 во мечот во кој домашните Никс водеа поголемиот дел од натпреварот. Во третата четвртина Њујорк имаше предност од десет поени, но крајот на дуелот им припадна на гостите и нивниот најдобар играч Трае Јанг, кој во текот на целиот натпревар водеше вербаелн дуел со домашните навивачи. Клучниот трет период Атланта го доби со дури 34:18.

Јанг постигна 22 поени, а додаде 11 асистенции и пет скока. Прв стрелец на Атланта беше Де’Андре Џордан со 24 поени, додека Џејлен Џонсон одигра одличен натпревар, со 21 поен, 15 скока и седум асистенции.

Секој играч од првата петорка на Њујорк беше двоцифрен во поени. Најмногу постигна Џош Харт, 21 поен, со осум скока и шест асистенции, а Микал Бриџис и Карл-Ентони Таунс постигнаа 19 поени. Потфрли Џејлен Брунсон, кој имаше 14 поени и осум асистенции.

Голден Стејт пропушти победа против Хјустон на гости. Гостите водеа на три минути до крајот со 90:84, но до крајот останаа без поентирање. Хјустон успеа да ја прекине негативната серија против овој ривал која траеше од февруари 2020 година, кога Рокетс последен пат ги совлада Кари и друштвото.

Тренерот на Голден Стејт, Стив Кер, како и гостинските играчи беа гневни на одлуката во последните моменти од играта која го реши победникот. По гужва на паркетот, на три ипол секунди до крајот, беше досуден прекршок за Хјустон, а Џејлен Грин со две слободни фрлања ги претвори 89:90 во победа на Хјустон од 91:90.

Прво име за Хјустон беше Алперен Сенгун со 26 поени, 11 скока и пет асистенции. Џабари Смит додаде 15 поени, а споменатиот Грин 12. За Голден Стејт Џонатан Куминга постигна 20 поени со седум скока, Стивен Кари 19 поени со пет асистенции, а Бади Хилд 15 поени.

Ноќта од сабота кон недела во полуфиналето на ова натпреварување во Лас Вегас ќе играат Милвоки, односно Атланта, Оклахома Сити и Хјустон.

globe

Слични новости

Најтежок домашен пораз на Јуве по шест децении

Најтежок домашен пораз на Јуве по шест децении

Аталанта му го нанесе најтешкиот пораз на Јувентус на домашен терен во последните 60 години. Во дербито од 28. коло на италијанското фудбалско првенство, Аталанта го понижи Јувентус со 4:0 во Торино, остварувајќи ја првата победа на последните девет меѓусебни средби