Главните тренери на НБА избраа седум играчи од секоја конференција како резерви за овогодинешниот „Ол-стар“ натпревар што ќе се одигра на 16. февруари во Сан Франциско, кои ќе им се придружат на претходно познатите членови на првата петорка изгласана од навивачите (50) проценти, сегашните играчи (25 проценти) и претставниците на медиумите (25 проценти).

Така стартери на Истокот се Џејлен Брунсон (Њујорк Никс), Донован Мичел (Кливленд Кавалирс), Карл-Ентони Таунс (Њујорк Никс), Џејсон Тејтум (Бостон Селтикс) и Јанис Адетокумбо (Милвоки Бакс) а на стартерите на Западот – Шаи Гилџеус-Александер (Оклахома Сити Тандер), Стивен Кари (Голден Стејт Вориорс), Никола Јокиќ (Денвер Нагетс), Кевин Дурент (Феникс Санс) и Леброн Џејмс (Лос Анџелес Лејкерс) им се придружија Демијан Лилард (Милвоки Бакс), Дариус Гарланд (Кливленд Кавали), Џејлен Браун (Бостон Селтикс), Кејд Канингем (Детроит Пистонс), Тајлер Херо (Мајами Хит), Еван Мобли (Кливленд Кавалирс) и Паскал Сиакам (Индијана Пејсерс) од Истокот или Ентони Едвардс (Минесота Тимбервулвс), Ентони Дејвис (Лос Анџелес Лејкерс), Џејмс Харден (Лос Анџелес Клиперс), Џерен Џексон Џуниор (Мемфис Гризлис), Алперен Сенгун (Хјустон Рокетс), Џејлен Вилијамс (Оклахома Сити Тандер) и Виктор Вембањама (Сан Антонио Спарс) од Западот.

Во случај на откажување на играчот, замена ќе биде одредена од комесарот на лигата Адам Силвер.

Годинава „Ол-стар“ натпреварот ќе се игра во нов формат, односно ќе се игра мини-турнир на четири екипи со по осум играчи, три од 24-те ќе ги изберат поранешните НБА играчи во еден вид „драфт“ на 6 февруари, а сега коментаторите Чарлс Баркли, Шекил О’Нил и Кени Смит, додека четвртиот тим ќе го сочинуваат играчите од победничкиот тим на претстојната пресметка на ѕвездите што ќе се одигра на 14 февруари.

globe

Слични новости

Рудигер неизвесен, неизвесен за натпреварот против Манчестер Сити

Рудигер неизвесен, неизвесен за натпреварот против Манчестер Сити

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Антонио Рудигер, го повреди мускулот на десната бутина на мечот против Еспањол во саботата и е неизвесен неговиот настап во првиот натпревар од плеј-офот од Лигата на шампионите против Манчестер Сити