Амбициите на американскиот професионален НБА тим Орландо Меџик оваа сезона претрпеа уште еден удар откако беше објавено дека третиот водечки стрелец на тимот Мориц Вагнер ќе биде подложен на операција на левото колено порди што за него оваа сезона е завршена.

На Вагнер му пукнале предните вкрестени лигаменти на левото колено во првата четвртина од саботниот натпревар против Мајами Хит.

Постариот брат Вагнер имаше просек од 12,9 поени и 4,9 скока на 30 одиграни натпревари оваа сезона и беше важен дел од тимот, кој со сооднос победи-порази 18-12 е на четвртото место во Источната конференција.

Ситуацијата за Меџик дополнително се комплицира со сознанието дека двајцата најдобри стрелци на тимот, помладиот брат на Мориц, Франц Вагнер и Паоло Банкеро, во моментов се надвор од терените поради повреди на мускули.

globe

Слични новости