Тимот на Денвер Нагетс кој игра десеткуван поради повредите на двајцата главни играчи Никола Јокиќ и Џамал Мари продолжува со победите на гостувањето на Истокот.
Утринава Денвер го победи Милвоки со 102:100, а најдобар поединец кај Денвер беше Џулијан Строутер со 20 поени, нјамногу оваа сезона.
Денвер водеше со 23 поени разлика, но Милвоки се врати и на крај имаше и шут на Кајл Кузма за пресврт, но победата замина за Колорадо.
Кај Милвоки најдобар беше Јанис Адетокумбо со 22 коша, 13 скока и 7 асистенции.
Слични новости
Оклахома ги декласираше Лејкерс и ги одведе на четвртата позиција на Западот
Со оваа победа Оклахома е сигурно прва со предност на домашен терен, а во полуфиналето на плеј офот би играла токму против Лејкерс, додека ги остава силните Денвер и Сан Антонио меѓусебно да се елиминираат во полуфиналето на Западот.
Спектакл во Мадрид и победа на Баерн Минхен од 2:1
Баерн Минхен го победи Реал Мадрид на гостувањето во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите во меч кој приреди атомски фудбал.
Арсенал рутински го победи Спортинг во Лисабон со 1:0
Мечот во Лисабон го одбележа многу претпазлива, па дури и досадна игра на двата тима во текот на целиот меч. РЕваншот се игра идната среда во Лондон.


