Тимот на Денвер Нагетс кој игра десеткуван поради повредите на двајцата главни играчи Никола Јокиќ и Џамал Мари продолжува со победите на гостувањето на Истокот.
Утринава Денвер го победи Милвоки со 102:100, а најдобар поединец кај Денвер беше Џулијан Строутер со 20 поени, нјамногу оваа сезона.
Денвер водеше со 23 поени разлика, но Милвоки се врати и на крај имаше и шут на Кајл Кузма за пресврт, но победата замина за Колорадо.
Кај Милвоки најдобар беше Јанис Адетокумбо со 22 коша, 13 скока и 7 асистенции.
Слични новости
Барцелона му понуди договор на Левандовски за уште една година
Сепак, во новиот договор Левандовски би требало да се согласи на намалена минутажа, односно да биде план Б во нападот, како и намалување на платата за 50 проценти.
Арсенал гази и во премиер лигата и во Лигата на шампионите
Арсенал е на првото место во Премиер лигата со седум бодови предност пред Манчестер сити, а во Лигата на шампионите има максимален учинок -седум победи од седум натпревари.
Пеп Гвардиола сеуште оптимист, Халанд им се извини на навивачите
Гвардиола рече дека ништо не е готово во Лигата на шампионите, а напаѓачот Ерлинг Халанд им се извини навивачите на Манчестер сити и рече дека ова што се случува со неговиот тим е срамота.


