Тимот на Денвер Нагетс кој игра десеткуван поради повредите на двајцата главни играчи Никола Јокиќ и Џамал Мари продолжува со победите на гостувањето на Истокот.
Утринава Денвер го победи Милвоки со 102:100, а најдобар поединец кај Денвер беше Џулијан Строутер со 20 поени, нјамногу оваа сезона.
Денвер водеше со 23 поени разлика, но Милвоки се врати и на крај имаше и шут на Кајл Кузма за пресврт, но победата замина за Колорадо.
Кај Милвоки најдобар беше Јанис Адетокумбо со 22 коша, 13 скока и 7 асистенции.
Слични новости
Синер убедливо го совлада Шелтон за полуфинале против Ѓоковиќ
Синер во полуфиналето ќе игра со Новак Ѓоковиќ, кој победи откако Лоренцо Музети мораше да го предаде мечот поради повреда.
Музети го предаде мечот против Ѓоковиќ поради повреда при водство од 2:0
Ѓоковиќ по мечот изјави дека Музети требало да го добие мечот и веројатно ќе го добиел, ако не се повредеше и дека имал среќа за пласман во полуфиналето.
Арина Сабаленка сигурно во полуфиналето на Австралија опен
Најдобрата тенисерка во светот Белорусинката Арина Сабаленка се пласираше во полуфиналето на Австралија опен, откако денеска во четвртфиналето во Мелбурн ја победи Американката Ива Јовиќ со убедливи 6:3 и 6:0.


