Тимот на Денвер Нагетс кој игра десеткуван поради повредите на двајцата главни играчи Никола Јокиќ и Џамал Мари продолжува со победите на гостувањето на Истокот.
Утринава Денвер го победи Милвоки со 102:100, а најдобар поединец кај Денвер беше Џулијан Строутер со 20 поени, нјамногу оваа сезона.
Денвер водеше со 23 поени разлика, но Милвоки се врати и на крај имаше и шут на Кајл Кузма за пресврт, но победата замина за Колорадо.
Кај Милвоки најдобар беше Јанис Адетокумбо со 22 коша, 13 скока и 7 асистенции.
Слични новости
Голден Стејт Вориорс ги размени Каминга и Хилд за Порзингис
Големиот знак прашалник кај Летонецот не е неговиот талент, туку склоноста кон повреди во текот на целата кариера. Годинава одигра само 17 натпревари, а три сезони нема одиграно повеќе од 60 натпревари по сезона.
Трет врзан пораз за Денвер на гостувањето во Њујорк
Денвер Нагетс беа поразени во Медисон Сквер Гарден од Њујорк Никс со 134:127 по две продолженија. Никола Јокиќ имаше трипл дабл со 30 коша, 14 скока...
Денвер поразен од Детроит, тренерот Аделман ги обвини судиите
Водечкиот тим на Истокот Детроит Пистонс утринава го поразија Денвер Нагетс со 124:121, а тренерот на Денвер Нагетс ги обвини судиите дека не досудиле голем број на фаули, особено врз Никола Јокиќ.