Денвер Нагетс остварија важна победа синоќа победувајќи ги Лос Анџелес Клиперс со 101:99 во четвртиот натпревар од плејофот на Западната конференција, со што го израмнија резултатот на 2:2 во серијато до четири победи.
Арон Гордон им ја донесе многу потребната победа на Денвер Нагетс со забивање на истекот на времето. Никола Јокиќ шутираше за „тројка“ но промаши, а потоа Гордон во скок ја дофати топката и ја заби непосредно пред крајот на играта. Прегледот на снимката утврди дека топката поминала низ обрачот пред да истече времето и Денвер успеа да слави.
Јокиќ го заврши натпреварот со 36 поени, 21 скок и осум асистенции. Мајкл Портер Џуниор и Кристијан Браун додадоа 17 поени за Нагетс, а Гордон имаше 14.

Кавај Ленард беше најдобар со 24 поени и девет скока, а Норман Пауел додаде 22, Ивица Зубац постигна 19 поени со 12 скока и шест асистенции, а Џејмс Харден додаде 15 поени и 11 асистенции за Клиперс, кои шутираа со 44,3 проценти од полето и 10 од 30 шута од три удари.
Лос Анџелес заостануваше со 22 поени во последната четвртина, пред да поведе со серија од 32:9 и да го преземе своето прво водство во натпреварот на една минута и 11 секунди до крајот. Пауел погоди две „тројки“ по ред за да го намали заостанувањето на 96:95 на 55 секунди до крајот, пред Богдан Богдановиќ да постигне леј-ап за да им донесе водство на Клиперс од 97:96. Потоа, Јокиќ реализиаше слободно фрлање и кош од игра за Денвер за предност од 99:97 на 16,1 секунди до крајот, а потоа Лос Анџелес го израмни резултатот благодарение на кошот на Зубац осум секунди пред крајот. Но, потоа Городон го реши натпреварот со забивање.
Петтиот натпревар е во вторник во Денвер.
Голден Стејт Вориорс го зголемија водството во серијата на 2-1, победувајќи ги Хјустон Рокетс со 104:93 во третиот натпревар од првото коло од плејофот на Западната конференција на домашен терен.
Стефен Кари ги предводеше до победата со 36 поени, а Гари Пејтон II постигна 16 поени. Бади Хилд погоди пет „тројки“ во учинок од 17 поени, а дебитантот Квинтен Пост, кој првпат настапи во плејофот, оствари рекордни 12 скока во кариерата за седмиот носител Рокетс, кои можат да ја зголемат својата предност во серијата на 3-1 со уште една домашна победа во понеделник.
Вориорс дознаа по загревањата пред натпреварот дека Џими Батлер нема да може да игра поради контузија на глутеусот што ја претрпе во вториот натпревар од поразот од Хјустон. „Ракетите“ водеа со 49:46 на полувремето, а тројката на Дилон Брукс пет минути и 47 секунди до крајот им го донесе последното водство во натпреварот, 84:83, пред Пејтон да ја преземе контролата врз натпреварот.
Пејтон го доведе Голден Стејт во водство со еден леј-ап на пет и пол минути до крајот, а потоа додаде уште еден леј-ап, „тројка“ и забивање во своја серија од девет поени со која им донесе водство на Вориорс од 92:86 на нешто помалку од четири минути до крајот. Потоа Кари ја презеде контролата со својата петта „тројка“ вечерта, а Пејтон додаде уште едно забивање во крајот.
Кари исто така имаше седум скока и девет асистенции. Фред ВанВлит ги предводеше Рокетс, второпласираниот тим на Западот по регуларниот дел од сезоната, со 17 поени, додека Брукс имаше 13, Џабари Смит Џуниор 12 и Амен Томпсон 11.
Во претходните натпревари, Оклахома Сити Тандер се пласираа во втората рунда од плејофот на Западната конференција со победа во четвртиот натпревар од првата рунда против Мемфис Гризлис со 117:115, додека на Истокот, Кливленд Кавалирс ја зголемија својата предност во серијата на 3-0 со победата над Мајами Хит со 124:87.

Слични новости
Ливерпул е шампион на Англија по 20. пат
Фудбалерите на Ливерпул ја освоија својата 20. титула во англискиот шампионат откако го победија Тотенхем со 5:1 на домашен терен во 34. коло од Премиер лигата
ФА Куп: Манчестер Сити во финалето
Во полуфиналниот натпревар од англискиот ФА Куп на „Вембли“, Манчестер Сити го победи Нотингем Форест со 2:0
Асефа постави светски рекорд на маратонот во Лондон
Етиопјанката Тигст Асефа го собори светскиот рекорд во маратон во неделата, победувајќи на 45-от Лондонски маратон со време од 2:15,50