Во меч од западната конференција на НБА лигата Денвер Нагетс утринава ги победија Феникс Санс на домашен терен со 117:90. Во првото полувреме двете екипи се менуваа во водство и беше изедначено (55:51) но во третата четвртина Денвер направи предност повисока од 20 поени разлика и последната четвртина беше само формалност, а тренерите ги повлекоа од терен стартерите.
Најефикасен во екипата на Денвер беше Никола Јокиќ со 32 коша, Мајкл Портер постигна 24, додека Арон Гордон и Расел Ветбрук постигнаа 12 односно 11 поени.
Кај Феникс најефикасни беа Кевин Дурант и Бредли Бил со по 23 коша. Денвер играше без Џамал Мари, а Феникс без Девин Букер.
Убедлива победа забележа и Далас совладувајќи го Портланд со 132:108. Во тимот на Далас по неколку натпревари отуство поради повреда се врати Лука Дончиќ и постигнаа 27 коша, центарот Даниле Гафорд уфрли 23, а Кајри Ирвинг 20 коша за Далас.
Во екипата на Портланд најефикасен беше Дени Авдија од клупата кој постигна 19 коша.
Слични новости
Возачите го избраа Верстапен за најдобар во 2024 година во Формула 1
Светскиот шампион во Формула 1, Макс Верстапен (Ред Бул) е беше прогласен за најдобар во 2024 година во изборот на неговите колеги
НБА: Заврши сезоната за Мориц Вагнер
На Вагнер му пукнале предните вкрестени лигаменти на левото колено во првата четвртина од саботниот натпревар против Мајами Хит
НБА: 11. „трипл-дабл“ на Јокиќ сезонава
Никола Јокиќ со „трипл-дабл“ учинок го предводеше Денвер, а иако беше без погодоци по втората четвртина