Американскиот професионален кошаркарски НБА тим Мемфис Гризлис го суспендираше својот најдобар играч Џа Морант на еден натпревар поради несоодветни коментари по поразот од Лос Анџелес Лејкерс со 112:117.

 

Морант одигра многу слаб натпревар против Лејкерс, постигнувајќи само осум поени со шут 3 од 14 обиди, вклучувајќи 0 од 6 од линијата за три поена, а кога го прашаа што се случило за време на натпреварот, тој одговори: „Прашајте го стручниот штаб“

Откако го повтори тој одговор неколкупати, следеше прашањето што требало да се направи поинаку за да се добие натпреварот.

Морант беше поконкретен: „Искрено, според нив, најдобро ќе беше воопшто да не играв. Тоа беше во основа пораката по натпреварот. Супер“.

globe

Слични новости

Голем пресврт на Милан во Торино

Голем пресврт на Милан во Торино

Милан се врати на врвот на табелата во италијанското првенство по големиот пресврт во последниот натпревар од 14-то коло одигран во понеделникот вечерта, како гостин победувајќи го Торино со 3:2