Бројот на загинатите во пожарот во зимското одморалиште во турската провинција Болу се искачи на 76, соопшти во вторникот вечерта министерот за внатрешни работи Али Јерликаја.
„Како резултат на пожарот во одморалиштето Карталкаја, загинаа 76 лица“, објави тој.
Како што прецизираше министерот, девет лица, меѓу кои и сопственикот на хотелот, се приведени во рамките на истрагата за трагедијата.
Во одморалиштето Карталкаја ноќта околу 3,30 часот по локално време кон вторникот избувнал пожар. Многумина од гостите се обиделе да побегнат спуштајќи се од корните катови на 12-катницата со врзани чаршафи, а некои скокнале од прозорците. Покрај загинатите, се наведува дека уште 51 лице е повредено. Во хотелот престојувале вкупно 237 луѓе.
Според локалната телевизиска станица Ekol TV, хотелот изграден во 1974 година, имал дрвена фасада, што придонело за брзо ширење на пожарот. Според еден од спасените гости, во зградата немало детектори за чад или противпожарни апарати.
Слични новости
Кошта: Време е ЕУ да ги исполни дадените ветувања, како што кандидатите за членство ги исполнуваат своите
Европската унија е целосно посветена на нејзиното проширување, како најголема геополитичка инвестиција за мир и безбедност за нашите народи и нашиот континент, порача во средата претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта
Мицотакис: Верувам дека постојат два пола – машки и женски
Верувам дека постојат два пола, машки и женски, ова е мое лично мислење, ова го налага биологијата, рече меѓу другото, премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис за време на неговото учество на панел-дискусија со поранешниот премиер на Италија Енрико Лета во организација на Грчко-американската трговска комора
Епидемија на грип во пет области во Бугарија
Епидемија на грип е прогласена во вкупно пет области во Бугарија, објавија денеска локалните медиуми. Епидемија е прогласена во Хасково, Видин, Јамбол, Пловдив и Благоевград.