На Холандија ѝ се потребни најмалку 150 милијарди евра инвестиции во следните десет години за да ја подобри продуктивноста, заедно со олабавени регулативи за имиграција на висококвалификувани странски работници и подобрено снабдување со електрична енергија, препорача поранешниот шеф на технолошкиот гигант ASML во извештај.

Холандската економија треба да порасне за 0,5 отсто, а повисоки стапки на раст од најмалку 1,5 до 2,0 отсто бараат 151 милијарди до 187 милијарди евра инвестиции во подобрена продуктивност, изјави во извештајот Питер Венинк, поранешен директор на производителот на машини за чипови ASML.

Извештајот е нарачан од холандското Министерство за економија.

Според Веник, највисокиот износ треба да биде насочен кон дигитализација и вештачка интелигенција, од 49,3 милијарди евра, по што следат биотехнологијата и биолошките науки, со потребни инвестиции од речиси 38 милијарди.

Меѓу главните сектори, Венинк ги издвои енергетската и климатската технологија, со неопходна инвестиција од 26,3 милијарди долари, и „безбедноста и отпорноста“ со околу три милијарди евра и „акцент на ниши“ како што се екосистемите на беспилотни летала, сателитските капацитети и автономните поморски системи.

Поранешниот шеф на ASML го гледа проблемот првенствено во „бавниот и неизвесен процес на лиценцирање“ и во „преоптоварените“ електрични мрежи и високите цени на енергијата.

Според него, недостигот од работна сила со високо ниво на образование во природните науки и тешкотијата за вработување странски работници се исто така пречки.

Големите холандски компании, вклучувајќи ги „Shell“ и „Unilever“, последните години се преселија во странство, наведувајќи ја неповолната деловна клима како причина.

Сепак, на ASML не му е дозволено да ги продава технолошки најнапредните машини на Кина поради ограничувањата од страна на владите во Хаг и Вашингтон.

Венинк, тогаш сè уште на чело на ASML, го спомена влошувањето на деловната клима во Холандија на почетокот на минатата година, на состанок во Хаг.

„Некои од елементите што нè правеа одлична компанија се под притисок денес“, рече Венинк, посочувајќи на построгата регулатива и планираното укинување на даночните олеснувања за висококвалификуваните имигранти.

Компанијата, исто така, се пожали на владата во заминување дека не инвестирала соодветно во подобрувања на инфраструктурата во технолошкиот центар во Ајндховен каде што е седиштето, вклучувајќи автопати, домување и електрична мрежа.

Венинк сега ѝ предлага на владата, меѓу другото, на земјоделците да им се надомести да ги продадат своите фарми и со тоа да го отворат патот за градежништво, што е во интерес на ASML, потсетува Reuters.

Според неговите идеи, компаниите треба да имаат поголема слобода при отпуштање работници, а надоместоците за невработеност треба да се исплаќаат само за една година, наместо за две.

globe

Слични новости

Биткоинот порасна за 2,19 насто на 78.465 евра

Биткоинот порасна за 2,19 насто на 78.465 евра

Индексот на страв и лакомост за биткоин се наоѓа во категоријата 29 “страв’ исто како и вчера, што укажува дека атмосферата на пазарот на криптовалутите е и натаму лоша, а вложувачите се главно внимателни и одбегнуваат ризик.

ЕУ привремено воведува царина од три евра за мали пакети од Кина

ЕУ привремено воведува царина од три евра за мали пакети од Кина

Министрите за финансии на земјите членки на Европската унија во петокот постигнаа привремен договор за воведување фиксна царина од три евра за мали пакети, која ќе се применува од 1-ви јули 2026 година и најтешко ќе ги погоди кинеските онлајн трговци

Европските берзи растат втор ден по ред

Во петокот во претпладневнот тргување цените на акциите пораснаа втор ден по ред на европските берзи, по вчерашниот раст на њујоршки Волстрит, каде што индексите Dow Jones и S&P 500 достигнаа рекордни нивоа